Изберете ја соодветната нијанса на кармин
Првите производи со кои сме во допир при почеток на Make Up, и секако најважни понатаму, се маскарите, кармините и течните пудри. Маскарата е наједноставна за одбирање (секако дека ќе напишеме содржина за оваа тема), за течните пудри може да прочитате тука, но за да се купи идеален кармин, мора совршено да си го познавате лицето. Голем дел купуваат кармини затоа што им се допаѓа нијансата и текстурата, но дали тој кармин би бил идеален за нив? Овде би ставиле и едно ограничување, „Совршено одбрана нијанса не значи совршено нанесен кармин!“.
Во овој блог ќе посветиме внимание на изборот на карминот како нијанса, а не како структура и нема да се осврнеме на начините на негово нанесување.
Според нас битни се следните 8 чекори за да го одберете совршената боја и нијанса на кармин за Вас.
1. Одредете го тонот на Вашата кожа
На природна светлина дефинирајте ја нијансата на Вашата кожа: fair, light, medium, tan.
- Fair тонот на кожа: овој тон е блед или транслуцентен и е изложен на често горење при јако сонце. Луѓето со ваков тон имаат пеги или одреден тип на црвенила на лицето.
- Light тонот на кожа: овој тип на кожа е блед. Кога е изложен на сонце често може да изгори, но подоцна овој тип на кожа може и благо да потемни.
- Medium тонот на кожа: Лесно потемнува со правилно сончање и кожата не е премногу сензитивна.
- Tan тонот на кожа: Овој тип на кожа скоро секогаш делува како да е сончан, дури и во зимно време.

2. Погледнете ја бојата на вените на внатрешната страна на рачниот зглоб.
Ова е брз начин да дознаете дали имате топол (warm) , неутрален (neutral) или ладен (cool) подтон.
- доколку бојата на вените е сино-зелена тогаш Вие имате топол подтон и тој и дава жолтеникав пигмент на кожата.
- доколку бојата на вените е сино-виолетова тогаш Вие имате ладен подтон и тој и дава розикав пигмент на кожата.
- доколку има прелевање на боите и не може да одлучите која е бојата на вените, тогаш Вашиот подтон е неутрален и дава беж пигмент на кожата

3. Избор на секојдневна нијанса на кармин.
Пронајдете нијанса која е еден до два тона потемна од Вашата нијанса на усни. За да проверите колку нијансата на карминот е слична со Вашата нијанса на усна, најдобро е да нанесете кармин на долниот дел на усната и да ја видите разликата со горната усна, доколку има драстична разлика, мора да продолжите да барате.

4. Одлучете дали сакате Вашата усна да изгледа помала или поголема.
Темните нијанси и мат кармините визуелно ќе направат Вашите усни да изгледаат помали, додека сјаевите и сјајни нијанси ќе допринесат Вашите усни да изгледаат полни.

5. Експериментирајте со нијаните кои стручни лица Ви ги препорачуваат за Вашиот тон на кожа.
- Ако имате fair или light тон на кожа, пробајте портокалова, корална, нијанса на праска, nudes или бежови нијанси. Ако Вашиот подтон е ладен (cool), пробајте нешно бежови или nude нијанси. Доколку Вашиот подтон е топол (warm) пробајте бледо розеви или нијанса nude кон нежна праска.
- Ако имате medium тон, пробајте со розеви, бордо или темно виолетова нијанса. Доколку подтонот е ладен (cool) пробајте розеви или нијанси на шумско овошје, а ако подтонот е топол (warm) пробајте бакарни или бронзени нијанси.
- Доколку имате tan тон на кожа, избегнете ги виолетовите и кафеавите нијанси и пробајте нијанси со портокалов подтон. Голем дел на боите би изгледале супер. Пробајте корални нијанси или потемни розови нијанси.
6. Суптилен изглед.
Доколку сакате суптилен изглед, нанесете два слоја од карминот на долниот дел на усната, потоа неколку пати поклопете ги двете усни и на крај растапкајте со прст за да ги изедначите долната и горната усна.

7. Правилен избор за црвена нијанса.
Правилно избран и нанесен црвен кармин е знак на женственост, елеганција и софистицираност, Носете го со гордост. Црвениот кармин претставува класичен изглед и секоја жена може да го носи, без разлика на години, кожа, коса или боја на очи.
- Fair или light тонови на кожата треба да бараат кармин со поднијанса на розова или корална боја.
- Tan или medium тонови со неутрален подтон треба да одберат светло црвена или нијанса на вишна. Топлиот подтон треба да одберат црвена нијанса со портокалова поднијанса, додека ладните подтонови треба да одберат подтон налик вино боја,

8. Забавувајте се и експериментирајте, но придржувајте се до овој водич доколку не сте сигурни.
- Nude нијансите на кармин изгледаат супер скоро со се’. Одлично е со casual (лежарен) изглед, но може да го искомбинирате и со нагласени (драматични) очи.
- Црвената нијанса додава драма на едноставен и елегантен outfit. Важна е внимателноста при комбинирањето на црвената боја на карминот со светлите (нежни) нијанси на облеката. Никако не ја комбинирајте со гардероба со премногу бои и принтови. Посебно би ја препорачале на елегантна црна боја на гардероба.
- Розевата е сестрана нијанса, со многу нијанси. Розевата нијанса која е една или две нијанси посветла од Вашите усни ќе изгледа суптилно за секојдневна употреба.
- Одберете дали сакате нагласени очи или нагласени усни! Никако двете!

Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.