Како да нанесете шминка кога носите заштитна маска

Назад на Блог
kako-da-nanesete-sminka-koga-nosite-zastitna-maska

Како да нанесете шминка кога носите заштитна маска

Бидејќи сите се навикнавме на ,,новото нормално’’ , прифативме дека заштитните маски мораме во многу прилики да ги носиме.
Носењето заштитна маска дефинитивно додаде некои нови предизвици во негата на нашата кожа, а воедно и ги става на тест нашите вештини за апликација на шминка.
Дозволете да Ви претставиме неколку трикови за Вашата шминка да издржи цел ден дури и под заштитната маска.

  1. Хидратантна крема и база за шминка

    Пред нанесување на шминка, нѐ смееме да го заборавиме најважниот дел – нега на лице. Покрај сите придобивки од негата на лицето, носењето на заштитна маска подолго време може да предизвика дополнителна иритација на кожата. За да го избегнете ова, барем користете хидратантен крем пред да започнете со рутината за шминкање. Со ова ќе создадете бариера помеѓу кожата, надворешната средина и маската.
    Доколку сакате шминката да издржи цел ден, и користите водоотпорна течна пудра, нанесете база за шминка. Одберете база која во својот состав не содржи никакви масла, туку екстракти кои ја хидрираат кожата и го изедначуваат тенот. Изборот на разни бази и прајмери е голем, во зависност од типот на лицето и ефектот кој сакате да го постигнете. Матирачкиот прајмер е одличен за масен тип на кожа, додека базата со силикон е одлична како бариера меѓу епидермот и течната пудра.

  2. Одберете пудра со мат финиш

    Се препорачува пудра со благ мат финиш. Секако за оние со сув тип на кожа ваков тип на пудра може да ставаат доколку ставиле подлога за шминка опишана во точка 1. Препорачуваме ваков тип на пудра бидејќи мала количина има релативно добра прикривност. Постои можност и оваа пудра сепак да се преслика на Вашата маска, затоа користете спреј за фиксирање на шминка.
    Козметичката индустрија брзо се прилагоди на маската како додаток и веќе постојат пудри кои воопшто не се пресликуаат на маските.

  3. Коректор

    Нанесете лесен слој на коректор на местата на кои сметате дека Ви е потребна поголема прекривност. Потоа натапкајте го коректорот од средишниот дел на лицето кон краевите, така што нема да навраќате назад. Натапкувањето повторете го два до три пати, се дур коректорот не се изедначи со Вашето лице.

  4. Сетирање со пудра во прав

    Еден од триковите на Make Up артистите за долготрајност на Вашата шминка е сетирање на течните производи со пудра во прав. Откако ќе ги нанесете сите течни производи на лицето, со голема кружна четка, со меки влакненца нанесете тенок слој транспарентна пудра во прав.  Еден од популарните  мејк-ап трендови кои ги преферираат мејк-ап артистите ширум светот е техниката наречена ,,бејкинг“. Оваа техника се состои од нанесување на пудра во прав во поголема количина најчесто во пределот под очите. Пудрата во прав се остава некое време да стои и потоа со голема кружна четка се блендира. Со ова се добива мат долготрајна подлога која нема да ги исцртува малите ситни линии под очите.

  5. Сенка, туш, маскара

    Бидејќи долниот дел на лицето е прекриен со маска, време е да ги истакнете Вашите очи. Во зависност од изгледот што сакате да го добиете, има многу начини за истакнување на горниот дел од лицето – очите. Ако сакате минималистички пристап кон шминкањето, No MakeUp – MakeUp изгледот е идеален избор за Вас. Nude нијанси на сенки, маскара која ќе ги издолжи и даде волумен на Вашите трепки и добро исцртан туш се одлична комбинација.
    Доколку сакате подраматично истакнување на очите, маскарата и тушот во боја одлично ќе се вклопат во овој стајлинг.

  6. Исцртување на веѓи

    Совршениот изглед на веѓите може да го постигните со неколку чекори.
    Основно е да ја дефинирате посакуваната форма и да ги отстраните несаканите влакненца. Потоа, со четкичка за веѓи исчешлајте ги, а со моливче пополнете ги местата каде што има празнини. Трикот во исцртувањето со моливче е да се користи посветла нијанса на почетокот на веѓите, додека потемна нијанса се користи за истакнување на лакот. Со пигментите дополнително ги нагласувате деловите, додека со маскарата за веѓи давате правилн дефиниција. Последнo, земете коректор и исчистете ја линијата на веѓата.

  7. Кармин

    Иако усните ни се прекриени со маските, многу од нас сепак сакаат да ги исцртаат своите усни и да стават кармин. Во оваа ситуација треба да користите исклучиво винилни кармини кои се водоотпорни и не се пресликуваат, да се избегнуваат сјаевите за усни и кармините кои би се пресликале на маската. Пресликан кармин на Вашата маска изгледа навистина лошо.


Сподели ја оваа објава

Напишете коментар

Назад на Блог
Зачувај и Сподели Кошничка
Вашата кошничка ќе биде зачувана и ќе ви биде даден "link" до истата. Вие, или секој со линкот, можете да го користите за да ја повратите вашата кошничка во секое време.
Назад Зачувај и Сподели Кошничка
Вашата кошничка ќе биде зачувана со слики и информации за производите. Испратете ја на себе или на пријател, со линк на кој ќе може да ја добиете во секое време.
Вашата кошничка е успешно испратена :)