Која е разликата помеѓу EDT, EDP и Parfum?

Назад на Блог
What-is-the-difference-between-EDT-EDP-and-Parfum-image-768x403

Која е разликата помеѓу EDT, EDP и Parfum?

Сите кога го започнуваат патувањето во парфемскиот свет убаво е да знаат да ги разграничат поимите EDT, EDP и Parfum, притоа и да ја знаат разликата помеѓу овие термини.
Доколку повлечеме чекор назад можеме да видиме дека зборот парфем се употребувал како женска нотација за мирис, додека зборот колонска вода била наменета за машка нотација на мирис. Како одминувало времето голем дел од компаниите почнале да произведуваат и тоалетни води кои биле со поголема концентрација од колонските води, а помала концентрација од парфемската вода, притоа наговестувале дека излегуваат и за мажи и за жени. За да во денешно време да можеме мирисните ноти да ги идентификуваме како Eau Fraiche, Eau De Toilette, Eau De Parfume и Parfume, притоа секој бренд да нагласи која мирисна нота е произведена за мажи, а која за жени.

Пред се би се обиделе да го објасниме значењето на зборот „Eau de toilette”. Причината зашто сме го одбрале овој збор место останатите типови е затоа што токму „Eau de toilette” е претходник на сите. Овој збор, како и останатите за кои пишуваме, потекнува од 1380 година од Франција, додека во разговорен македонски јазик би се употребил зборот парфем.

Зборот “Eau” значи вода на француски, а се изговара “оу”.
Зборот “De” значи од и се изговара “д”.
Додека зборот “Toilette” често луѓето го сфаќаат како тоалет, но не е тоа значењето. Под поимот „Toilette“ се подразбира процесот на миење, нега на телото, дотерување или едноставно кажано, целокупната припрема што се прави, кога некој се подготвува за присуство на специјален настан (во минатото балови). Изговорот е “туалет”.

Сега кога би го превеле поимот “Eau de Toilette” значењето би му било „Вода за присуство на посебен настан“.


Eau Fraiche

Зборот „Fraiche“ значи Свеж. Природно овој тип на мириси содржи 1% ~ 3% количина на концентрирани мирисни масла. Оваа нотација обично трае најмногу до 3 часа, се препорачува прскањето да биде на облеката. Сигурно се запрашувате зошто некој би купил овој тип на мирис. Постојат луѓе кои сакаат свежи ноти, посебно во топлите периоди во годината.



Eau de Cologne (EDC)

Зборот „Eau de Cologne “ или EDC се однесува на поголема концентрација на мирисни масла во споредба со Eau Fraiche додека помала концентрација на мирисни масла во споредба со Eau de Toilette. Eau de Cologne не се прават толку често, а претежно оваа нотација се користела во поодминато време.
Концентрацијата на Eau de Cologne  изнесува помеѓу 2% ~ 6%, додека трајноста е околу 4 часа.



Eau De Toilette (EDT)

Eau De Toilette или EDT го објаснивме на почетокот, па само би дополниле неколку битни работи.
Концентрацијата е помеѓу 5% ~ 15%, додека трајноста е околу 6 часа.



Eau de Parfum (EDP)

Пред околу 10 години, Eau de Parfum, воглавно беа наменети за жени. Меѓутоа, во меѓувреме се повеќе и повеќе модни куќи почнаа да произведуваат мирисни ноти со EDP нотација за мажи. Концентрацијата е околу 15% ~ 20%, додека трајноста е околу 8 часови.
Можеби ќе се запрашате зошто тогаш многу луѓе купуваат тоалетна вода? Одговорот е ист како за Eau Fraiche. Исто така би додале дека не секој може да го поднесе интензитетот на Eau de Parfum и претежно луѓето го избегнуваат за дневна употреба или луѓето кои работат во канцеларии.



Parfum

„Parfum“ нотацијата содржи 15% ~ 40%  концентрирано мирисно масло, па можеме да заклучиме дека ова е најконцентриран тип од досега наведените. Трајноста е околу 10h.
На нашиот пазар е реткост  да се најде, додека на светско ниво се повеќе и повеќе ја губи битката со таканаречените NICHE (Private Collection) линии.



ЗАКЛУЧОК:

Горенаведените параметри се релативни бидејќи не сите масла имаат иста трајност. Доколку споредиме 3% концентрација на масло од ванила или пачули и 20%  концентрација на масло од бергамот, лимон, мандарина или портокал, тогаш со сигурност може да кажеме дека 3% концентрација ќе траат подолго, но тоа е сосема нова тема во парфимерискиот свет, наречена мирисна пирамида и типови на ноти.
Модните куќи во последен период вадат иста линија со повеќе називи, па познавачи на парфеми би Ве советувале за првата верзија од таа линија (основната верзија). Друга општа препорака: летен период користете „Eau De Toillete“ и концентрации под тоа, а во зима или кога воздухот е загаден користете „Eau De Parfum“.
Трајноста на мирисните ноти зависи од многу други фактори за кои е потребна поширока дискусија. Тоа ќе биде тема на некоја од наредните објави.
Сепак за вкусовите не треба многу да се расправа и изборот на мирисни ноти е сосема индивидуална работа.

Сподели ја оваа објава

Напишете коментар

Назад на Блог
Зачувај и Сподели Кошничка
Вашата кошничка ќе биде зачувана и ќе ви биде даден "link" до истата. Вие, или секој со линкот, можете да го користите за да ја повратите вашата кошничка во секое време.
Назад Зачувај и Сподели Кошничка
Вашата кошничка ќе биде зачувана со слики и информации за производите. Испратете ја на себе или на пријател, со линк на кој ќе може да ја добиете во секое време.
Вашата кошничка е успешно испратена :)