Нега на кожа на суво лице
Кога станува збор за нега на лицето, уште на сам старт на овој блог сакаме да се оградиме дека тоа што ќе го препорачаме, одговара на секое суво лице. Искуствата што ќе ги пренесеме се однесуваат на најголемиот процент од многубројните реакции кои ги добиваме од задоволните потрошувачи.
За совршена нега на суво лице претежно ги препорачуваме следните 4 чекори.
1. Чистење на лицето со млеко за лице.
На блазница нанесете млеко за лице и со него извадете ги сите нечистотии и остатоци од шминка на Вашето лице. Со блазницата слободно поминете го лицето повеќе пати додека убаво не ги извадите сите нечистотии. Овој чекор одлично ќе го заврши млеко за лице од Doctor’s или Nivea, но доколку сакате можете да купите екстра скапо млеко за лице од брендовите Dior или Estee Lauder.
Доколку Вашата коса ја миете 3 или повеќе пати во тек на една недела, не е потребно дополнително да го миете лицето во овој чекор, во спротивно препорачливо е да го измиете лицето само со вода или со благ сапун.
2. Ексфолиација со специјално наменет тоник за типот на кожата!
За кожата да биде спремна за негување, битно е да се направи хемиска ексфолијација на мртвите клетки од Вашата кожа, а за тоа ќе помогне Clinique Tonic – Clarifying Lotion кој содржи салицилна киселина!
За разлика од првиот чекор, овде сме експлицитни за овој тоник во оваа процедура која ја предлагаме. Не препорачуваме мицерална вода или благи тоници бидејќи ќе го изгубат ефектот на најбитниот, трет чекор.
Нанесување: Се нанесува на блазници, потоа со блазниците се поминува секој дел од лицето САМО ЕДНАШ, освен пределот околу очите. При нанесување ќе почувствувате благо пецкање. Сега Вашето лице е спремно за најважниот чекор, нанесување на серум кој длабоко ќе пенетрира во подолните слоеви на кожат
3. Нанесување на серум, НАЈВАЖЕН ЧЕКОР ПРИ НЕГА НА ЛИЦЕ!
Серумот навлегува во подолните слоеви на кожата, ја хидрира длабински и провоцира производство на епителни клетки.
Доаѓаме до бисерот на препаративната козметика – Advanced Night Repair Synchronized Recovery Complex II.
Серум против стареење на кожата кој делува на брчки и линии, дехидрирана и сува кожа. Додека спиете, Advanced Night Repair ја регенирира кожата со цел да и помогне да го зголеми својот природен ритам за заштита и поправка. Во текот на денот, овој серум помага во одбраната на кожата од видливите ефекти на оштетување од слободните радикали, како загадување, озон, сина светлина, инфрацрвена светлина и микро прашина. Овозможува 8 часовна антиоксидантна заштита. Со една капка од овој серум кожата изгледа сјајна и хидрирана. Името Advance Night Repair е останато историски поради успешноста на првиот истоимен серум, меѓутоа во поновите верзии овој серум може да се употребува и преку ден.
Нанесување: Се нанесува така што ставате до три капки на прстите од двете дланки и нежно го масирате лицето и вратот. Се користи на чиста кожа наутро и навечер.
4. Заштита на кожата од надворешни влијанија!
Со вака изнегувана кожа со чекорите 2 и 3, дневната или ноќната крема служи само да го затвори лицето од надворешните влијанија. Вие може да одберете крема од различни брендови, меѓутоа за оваа намена е доволна хидрантна крема од козјо млеко од Ziaja. Ефектот на нега и хидрирање на кожа го постигнувате преку чекор 3.
Честотата на нанесувањето на горенаведените чекори треба да биде прилагодена според вашите потреби. Доколку имате екстремно сув тип на кожа го препорачуваме Clinique Tonic – Clarifying Lotion 1.0, доколку кожата е нормално сува го препорачуваме Clinique Tonic – Clarifying Lotion 2.0, но доколку кожата е сува кон комбинирана го препорачуваме Clinique Tonic – Clarifying Lotion 3.0.
За да се види ефектот оваа процедура треба да се практикува повеќе од еден месец.
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.