Политика на приватност

Политика на приватност

Последно обновено: 01.03.2020

Политиката на приватност се однесува на доверливоста на информациите содржани на веб страната www.schatze.mk . Со користење на оваа веб страна податоците се собираат и чуваат во базата на податоци на ДТУП Шатци ДОО Тетово, како сопственик на веб страната www.schatze.mk  во согласност со законот на РМ се со цел да се заштити приватноста на корисниците.

Со пристапување или користење  на оваа веб страна, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со политиката на приватност и начинот на употреба на веб страната  www.schatze.mk. Во случај крајниот корисник да не се согласувате со Политиката на приватност треба веднаш да ја напуштете оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт (www.schatze.mk).  

Оваа политика на приватност  ДТУП Шатци ДОО Тетово може да ја измени во секое време преку објавување на нова политика на приватност во делот на веб страната  наменет за Политика на приватност. Посебно оваа практика на промена на Политика на приватност ќе се менува за потреба на усогласување на евентуално донесени нови законски прописи во однос на Политика на приватност. Новата политика на приватност стапува на сила веднаш по нејзиното објавување на веб страната. Крајниот корисник е одговорен самостојно да ги следи промените на страната и да ги воочи промените во оваа Политика на приватност. Постојаното користење на веб страната  www.schatze.mk   значи дека крајниот корисник ги прифаќа условите во најновата верзија на Политиката на приватност објавена на веб страната. Можете да видите кога оваа Политика за приватност била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.

Веб страната не е наменета за корисници помлади од 18 години и тие не смеат да ја користат веб страната www.schatze.mk . Во случај на користење на веб страната  од страна на краен корисник помлади од  18 години  што е против правилата на користење, ДТУП Шатци ДОО Тетово не сноси никаква одговорност за последиците од таа активност.  

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.
Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.
Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк.
Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. 
 

ДТУП Шатци ДОО Тетово нема да ги сподели личните податоци  на крајниот корисник, освен ако не е во целост пополнето барањето за лични податоци.  Личните податоци ДТУП Шатци ДОО Тетово ќе ги користи  за испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки, анализа на податоците, обработка на кредитна картичка и слично и ќе ги сподели  вашите лични податоци како краен корисник со дистрибуција, сервис провајдери на производи,испорака на пакети,испраќање на пошта и слично.

Со цел заштита на податоците ДТУП Шатци ДОО Тетово презема многу мерки на претпазливост за личните податоци, но за жал не постои пренос на податоци преку интернет или преку било која бежична мрежа која може да биде 100% сигурна. Поради тоа ние спроведуваме безбедносни мерки за заштита на податоците и не можеме да ја гарантираме безбедноста на било кои информации пренесени преку вебсајтот www.schatze.mk  и ДТУП Шатци ДОО Тетово не е одговорна за било каква постапка од трета страна со таквите инфорации.
ДТУП Шатци ДОО Тетово – Друштво за Трговија, Услуги и Производство Шатци Друштво со Ограничена Одговорност ул. Маршал Тито бр. 64 – Тетово

Зачувај и Сподели Кошничка
Вашата кошничка ќе биде зачувана и ќе ви биде даден "link" до истата. Вие, или секој со линкот, можете да го користите за да ја повратите вашата кошничка во секое време.
Назад Зачувај и Сподели Кошничка
Вашата кошничка ќе биде зачувана со слики и информации за производите. Испратете ја на себе или на пријател, со линк на кој ќе може да ја добиете во секое време.
Вашата кошничка е успешно испратена :)