Креирање на налог
За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете Вашите податоци (корисничко име, е-маил, лозинка). Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на НАЈАВИ СЕ, каде што потоа Ви се отвараат две форми. Едната е НАЈАВИ СЕ и овде се најавувате доколку имате креирано профил, другата форма е РЕГИСТРИРАЈ СЕ, со полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци (корисничко име, е-маил, лозинка). Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и автоматски се креира Ваш кориснички налог.
Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.
Избор на производи
На почетната страница поставено е главно мени каде може да избере разгледување на производите според категорија бренд или според категорија вид на производи: парфеми, NICHE, декоратива, нега на лице, Kryolan, брендови, попуст, Gift Sets. Со избор на парфеми се отвора паѓачко мени со секции: машки, женски, унисекс, детски. Со избор на декоратива се отвора паѓачко мени со секции: лице, очи, усни и нивни подсекции. Со избор на нега за лице се отвора паѓачко мени со секции: креми, серуми, средства за чистење на лице, маски. Со избор на брендови се отвара паѓачко мени со листа на сите брендови достапни во онлајн продавницата. групи производи кои спаѓаат во нив. Со избор на gift сетови се отвора паѓачко мени со секции: машки, женски, декоратива.
Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според зададените атрибути (варијација од тоа дали е парфем, шминка или нега за лице). Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница (Пребарај). Во полето можете да го внесете името на производот, името на брендот, намената, милилитража и сл.
При преглед на одреден производ, кои се достапни за купување, може да ги видите неговите варијации според милилитража кај парфемите или нијанса кај декоративата. Со избор на соодветниот производ со милилитража или нијанса, можете да притиснете на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” каде ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката или да ја зголемите или намалите количината на производи стискајќи на плус или минус лево од полето „ВО КОШНИЧКА“.
Содржина на кошничката
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број. Се што треба да направите за манипулација со одреден производ во овој дел е, откако ќе решите која количина ја сакате, да стиснете на копчето „АЖУРИРАЈ КОШНИЧКА“.
Во овој дел може и да внесете КУПОНСКИ КОД доколку имате и е активен за да искористите некоја од промоциите (попуст, подарок итн) во нашата парфимерија.
Нарачување на производи од кошничката
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “НАРАЧАЈ” за да го одберете начинот на плаќање. Доколку не сте најавени, од Вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да пополните форма за начинот и локацијата за достава и да одберете начин на плаќање. Со стискање на копчето „НАРАЧАЈ“, Вашата нарачка оди на процесирање.
Напомена – доколку вкупниот износ производите во кошничката е под 2.000 денари, испораката е на трошок на купувачот и чини 130.00 денари од пратка, во или надвор од Скопје.
Плаќање
ИСПОРАКА